Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Source: https://www.ugd.edu.mk/index.php

Archived: 2026-04-23 15:39

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Skip to content
15
Факултети
, 70 студиски
програми
Избери мудро, делувај храбро
Дознај повеќе
„Наш врвен
приоритет
е квалитетно и применливо
знаење

Обраќање на ректорот
Повеќе
19 години
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Преку 30 илјади студенти во изминатите 19 години ја препознаа својата иднина токму на УГД.
Повеќе
Создаваме иднина со знаење
Во текот на своето 19-годишно постоење Универзитетот „Гоце Делчев“ се профилира како високообразовна институција која во својот фокус ги има студентите, нивните потреби и идеи. Вниманието е целосно насочено кон креирање на знаење и можности преку обезбедување на квалитетно образование, иновирање, дигитализација и развој на интелектуален потенцијал за домашните и глобалните предизвици.
Повеќе за УГД
Вести и настани
Отворена Меѓународната стартап академија на УГД: Млади од Македонија и Бугарија работат на развој на бизнис идеи
23.04.2026
Отворен и кариерен ден 2026 на УГД: Над 50 компании и илјадници млади во директна средба со академијата и бизнисот
22.04.2026
„Правописните отстапки повторно под лупа“ – промотивно предавање пред средношколците во Штип
21.04.2026
(Видео) Земјоделскиот факултет го одржа Петтото меѓународно советување „Агронаука и пракса 2026“
16.04.2026
V Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“ (АНП 2026)
14.04.2026
Амбасадорката на Холандија во посета на УГД
14.04.2026
Повеќе вести
Повеќе настани
ФАКУЛТЕТИ И АКАДЕМИИ
Музичка академија
Ликовна академија
Филмска академија
Факултет за природни и технички науки
Факултет за информатика
Земјоделски факултет
Машински факултет
Електротехнички факултет
Технолошко-технички факултет
Факултет за медицински науки
Економски факултет
Правен факултет
Факултет за туризам и бизнис логистика
Факултет за образовни науки
Филолошки факултет
Дознај повеќе
УПИСИ
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование која, преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус на универзитетски и професионални студии. Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може да се запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во самиот конкурс.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Прв циклус
Втор циклус
Трет циклус
НАСТАВА
Универзитетот „Гоце Делчев“ применува современи методи на настава, при што акцентот се става како на теоретското образование на студентите, така и на практичната настава и стекнувањето соодветни вештини. За таа цел се гради непосредна соработка со приватниот сектор, кој континуирано придонесува во развојот на студентите преку учества во предавањата, заеднички проекти, конференции, како и организирани студиски посети или практична работа во компаниите.
Преку партнерства и соработка и со универзитети од различни земји во делот на меѓународните програми и проекти за обука на студентите им се дава можност за стекнување меѓународни искуства за учење.
Значајно е тоа што УГД е првиот универзитет во РС Македонија со висока употреба на дигитални алатки и технологии, каде што активно се применува и учењето на далечина. Универзитетската заедница преку тие алатки го искористува потенцијалот на технологијата за подобрување на наставата и учењето, а на студентите им е овозможено да учат секаде и во секое време, од најдобрите во нивните области.
Дигитализација
Соработка
Лаборатории
НАУКА
Универзитетот „Гоце Делчев“ од самото свое основање интензивно вложува во создавање на модерни и комплетни услови за научно-истражувачка работа што ќе ги задоволи потребите и на академската заедница, но и на бизнис заедницата, која има потреба од модерни ресурси, технологии и иновативни решенија.
За таа цел, УГД располага со модерно опремени лаборатории и центри како составен дел на инфраструктурата, која ја прави возможна научно-истражувачката активност, а академското знаење и образование се спроведува преку достапните програми за трет циклус на докторски студии во различни области.
Докторски студии
Истражување
Лаборатории
повеќе
НАШИТЕ СТУДЕНТИ
Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален, важна е храброста и желбата да се продолжи....
Мојот пат кон успехот со УГД – Теодора Димоска
„Настрана од редовните предавања, искористете ги сите можни проекти, предавања, дебати понудени од страна на вашиот факултет. Никогаш не престанувајте...
Мојот пат кон успехот со УГД – Никола Велков
Можностите постојат насекаде околу нас, само треба да ги користиме....
Ангела Димиткова – Економскиот факултет
Дозволи да учиш од најдобриот поради тоа што за квалитетот одлучуваме сами. УГД е показател на квалитет и знаење....
Стефан Мишовски – Факултет за медицински науки
Имајте храброст да продолжите да чекорите по Вашиот избран пат – никој друг нема да оди по него – само...
Исидора Јанева – Факултет за информатика
Студирав на универзитет кој беше нов, полн со желба за напредок и созревање, со цел еден ден да биде најдобриот...
Мартин Алексов – Правен факултет, насока Правни студии
Запознајте го УГД преку бројки
Квалитетот и разновидноста на нашите наставни програми, нашите постигнувања и можностите кои ги нудиме во високото образование, науката и соработката, потврдени се и преку бројките постигнати во текот на дводецениското постоење.
ФАКУЛТЕТИ
0
АКАДЕМИИ
0
ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА
0
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
0
КАДАР
0
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ
0
АКТИВНИ СТУДЕНТИ
0
СТУДЕНТИ
0
+
Избери мудро, делувај храбро
Студирај на
УГД
Воспоставена соработка