Историски развој на полициското образование во Република Македонија Од средно полициско училиште до Центар за обука - Историски
Source: https://mvr.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/istoriski-razvoj
Archived: 2026-04-23 17:30
Историски развој на полициското образование во Република Македонија Од средно полициско училиште до Центар за обука - Историски развој - Министерство - Министерство за внатрешни работи - Република Северна Македонија
Scroll to top section
Министерство
За министерството
Министер
Биографија
Советници во кабинет
Поранешни министри
Заменик министер
Државен секретар
Биро за јавна безбедност
За бирото
Директор
Оддел за форензички испитувања
Оддел за гранични работи и миграции
Сектор за меѓународна полициска соработка
За секторот
ЕВРОПОЛ
ИНТЕРПОЛ
СЕЛЕК
Сектори за внатрешни работи и ПС
Внатрешна контрола
За одделот
Помошник на министерот за одделот за внатрешна контрола
Пријавете несоодветно постапување
Дисциплински мерки
Дисциплински и судски постапки
За одделот - ДСП
Дисциплински мерки - ДСП
Правни работи
За одделот - правни работи
Помошник на министерот за одделот за правни работи
Конкурси
Завршени конкурси
Меѓународна соработка
За одделот - меѓународна соработка
Помошник на министерот за одделот за меѓународна соработка
Центар за обуки
Помошник на министер за центар за обуки
Визија
Историски развој
Новости ЦО
Организациска структура
Безбедност на класифицирани информации и соработка со НАТО
Информатика и телекомуникации
Финансии
За одделот - финансии
Помошник на министерот за одделот за финансии
Буџет
Завршни сметки
Општи и заеднички работи
Ревизорски извештаи
Јавни набавки
Планови за јавни набавки
Анекс на договори
Прекршоци
За одделот - прекршоци
Помошник на министерот за одделот прекршоци
Јавни објави
Уплатници за глоби за сторени прекршоци
Сајбер безбедност
Анализи и статистики
Збирна анализа
Гранични работи
Проекти и кампањи
Проекти
Кампањи
Превенција
Легислатива
Закони
Предлог закони
Подзаконски акти
Стратегии
Органограм
Комисија за оружје
Линкови
Министерства
Институции
Организации
Услуги
Граѓански постапки
EXIM
Упатство и постапка за одделни права (барања) на странците
Сообраќај
Полагање возачки испит
Полагање на стручен испит
Корисни информации за државјаните на РСМ кои живееат во странство
Адреси и контакт телефони
Односи со јавност
Оддел за односи со јавност и стратешки прашања
Помошник на министерот на оддел за односи со јавност и стратешки прашања
Портпароли на СВР
Дневни билтени
Медија центар
Соопштенија
Новости
Интервјуа
Прес-конференции
Фотогалерија
Политика за квалитет
Офицер за заштита на лични податоци
Слободен пристап до информации
Раководни лица
Списание
Транспарентност
Билтени
Интегритет
Родова еднаквост
Расходи за услуги
Со еден клик до сите услуги
Open Link here
Open Link here
Почетна
Министерство
Историски развој
Историски развој на полициското образование во Република Македонија Од средно полициско училиште до Центар за обука
Полициското образование, како и во секоја развиена држава, така и во Република Македонија е во функција на подготовка на идните полициски службеници за компетентно извршување на задачите од нивната струка. Имено, посветувањето на специјално внимание на целината на безбедносниот систем практично го креира тој круг на основно образование или обука, за потоа низ работното полициско секојдневие да биде испреплетено со цел еден континуиран систем на надградба и специјализација на сите нивоа. Целта е подготвено да се одговори на сите безбедносни предизвици со коишто се соочува државата, а особено за да биде и чекор понапред во превенирањето на сите можни облици на општествени девијации со цел успешно да се справи со нив. Во таа смисла, историски гледано, а овде би се задржале на европските држави, различни се системите на полициското образование. Некои во себе реско ги исклучуваат од една страна основното, а од друга страна високото полициско образование како засебности, а во некои системи тие се испреплетени меѓусебе во една целина. И Република Македонија, низ различните временски периоди во зависност од потребите и стремежите на државата за што подобро воспоставување на безбедносниот систем го градела својот полициски образовен систем, а низ праксата ги евалуирала резултатите за да се дојде до денешниот статус.
За почеток, малку историски податоци: во периодот на II Светска војна, во 1944/45 година, во приватна куќа во населба Чаир, Скопје, се организирани првите курсеви за описменување на дел од партизаните кои по завршување на војната биле распоредени од војската во тогашната милиција, така што тоа е првата „полициска школа“ со која започнува зародишот на образованието на безбедносните кадри, а потоа со нивна помош се организирале курсеви и семинари за кадри кои требало да раководат со одделенија, милициски станици и одредени сектори во службата за безбедност. И тоа траело низ наредните децении, за време на коешто се поставувале темелите на полициската едукација.
Со цел обезбедување квалитетен систем на образование на кадри за безбедноста, во 1971 година за првпат се отпочнува со редовно школување на полицајци во рамките на тогашниот општ образовен систем на насочено образование, така што се отвора Средно училиште за внатрешни работи во Идризово, како прв чекор за натамошно повисоко образование од областа на безбедноста, со четиригодишна наставна програма и целосно интернатско сместување и школување на ученици, кои по завршувањето стануваа полицајци од основно ниво, но со здобиени уверенија коишто важеле само во рамките на Министерството за внатрешни работи, така што на оној кој ќе го напуштел ресорот неговата диплома не се вреднувала како на другите, што меѓу другите е една од поголемите слабости на тој затворен самодоволен систем.
Оттука, во јуни 1977 година е донесен Законот за основање на Центар за образование на кадри за безбедноста и општествената самозаштита со можност во него да се организираат образовни форми од сите степени на образование и да може да се организираат студии и стекнување и повисоки научни звања, така што покрај постоечкото Средното полициско училиште, коешто само се вклопи во овој Закон, се отвора и Факултетот за безбедност за образовните потреби на комплетниот безбедносен систем на цела тогашна СФРЈ. Но, од повеќеслојни причини коишто овде заради просторот нема да се образложуваат, односно со распаѓањето на дотогашната држава – СФР Југославија, а пред се со прогласувањето на Република Македонија за самостојна држава, се постави прашањето за иднината на дотогашната институција. Поради тоа се укина постоењето на Факултетот за безбедност и тоа со Законот за основање на Центар за образование на кадри за областа на безбедноста во мај 1995 година, со којшто се организираше средно стручно образование на кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи и тоа полициски кадри, но и пожарникарски и кадри за установите за извршување кривични санкции и тоа со четиригодишно траење –школување и интернатско сместување, а притоа се спроведува и стручно усовршување и надградување на постојни работници на Министерството. Вакуумот во непостоењето на образованието на полициски кадри од менаџерско ниво, но пред сѐ фактот што во Република Македонија и околните држави беше во тек процесот на транзицијата поради распаѓањето на еден општествен систем, масовната криминализација од којашто беше загрозена безбедноста на државата и имотот на граѓаните, нивниот физички и морален интегритет, воената 2001 година, доведоа до основањето на Полициската академија со Законот за Полициската академија донесен во јуни 2003 година. Таа институција се основа заради образование на кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи, но и за други државни органи и се стекнуваа со високо образование и континуирано образование во чии рамки беа основната обука за полицаец, специјалната и менаџмент обуката. Основната обука за полицаец од овој момент трае 12 месеци со вклучени три месеци за практична обука на терен, наместо дотогашните четири години исполнети со повеќе теориско знаење без многу контакт со праксата.
Многуте недоречености во Законот за полициската академија во којшто на високото образование –покривот му е дадена таксативна законска предност пред основната обука-темелот, како и проблемите со неговата практична имплементација во смисла на фаворизирање на високото образование за сметка на основната обука на полицаец, доведоа до тоа да се трага по најдоброто решение. Од тие причини не можеше да одговори на потребите на Министерството за внатрешни работи, особено главниот приоритет-основната обука на полицаец. Трансформацијата на Полициската академија на две независни институции и тоа на Центар за обука како дел на МВР на РМ и на Факултет за безбедност од друга страна како посебна високообразовна институција, законски е поставена во Законот за дополнување на Законот за внатрешни работи, такашто Центарот службено отпочна со работа на 01.08.2008 година. Центарот за обука го доби своето место во организациската поставеност на Министерството. Таму се реализираа основна обука за полицаец, специјална обука и обука за менаџмент на безбедност според наставни планови и програми чијашто содржина и начин на спреведување ги донесува министерот за внатрешни работи. Со новиот Закон за внатрешни работи од 2009 година се направи еден квалитативен исчекор напред во процесот на имплементирање на реформите на Полицијата и на Министерството во целина во склад со новонастанатите текови. Имено, покрај тоа што со него се уредуваат внатрешните работи, се создаде и правна основа за воспоставување на системот на унапредување на овластените службени лица во Министерството и нивно оценување или т.н систем на кариера, при што се земаат предвид професионалните квалитети и квалификации на овластеното службено лице, неговите работни способности, завршените обуки во текот на работниот однос и начинот на извршување на работните обврски, независно од полот, расата, бојата на кожата, политичкото и верското уверување. Во таа смисла, секој работник на Министерството има право и должност да се обучува во согласност со потребите на Министерството , а Центарот за обука ја има законската надлежност за спроведувањето на обуките за МВР. Во Центарот за обука се спроведуваат обуки заради оспособување за самостојно вршење на работите кога се склучува договор за вработување со седум или повеќе лица во Министерството кои за прв пат засноваат работен однос ( обука на приправници); потоа основна обука за полицаец; потоа обука заради оспособување на работник за самостојно вршење на работите на одредено работно место и на крајот, континуирана обука. Секојдневно се вложува напор Центарот за обука да биде синоним на поимот „центар на квалитет“ во овој дел на светот и да припаѓаме на најдобрите Центри за обука во Европа. Полициската едукација се заснова на програма призната на национално и меѓународно ниво. Тоа значи дека се исполнети националните и меѓународните стандарди за квалитет.
Центарот за обука во 2007 година имплементира нов полициски образовен модел, ориентиран кон суштински активности и заснован на компетенции. Центарот за обука поддржува соодветни средини за учење и обука за полициските службеници, така што тие се обучуваат постојано, и се навраќаат на обука секогаш кога тоа е потребно.
Имено, токму тоа и значи континуираната обука на работниците во Министерството – се реализира заради поуспешно вршење на работните задачи од страна на работникот на работното место на кое е распореден, односно заради обезбедување на ефикасно извршување на функцијата на Министерството. Стекнатите компетенции на слушателите се проверуваат преку тестови за мерење на компетенции, преку кои слушателот во реална ситуација или симулација, практично ги покажува компетенциите.
Центарот за обука се наоѓа во континуиран процес на развој и соработува со сѐ повеќе и повеќе меѓународни партнери, при што во наредниот период би произлегле уште повеќе програми и проекти во насока на размена на обучувачи и слушатели на едукативни-тренинг семинари од повеќе области на полициските обуки.
Мени за пристапност
Оваа веб-страница користи „колачиња“, за да го подобри корисничкото искуство. Доколку ги прифаќате условите притиснете „Се согласувам“.
Прочитајте повеќе